Фудбал детали

ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Камерунците суспендираа 62 играчи поради лажирање возраст, меѓу нив и 17-годишен репрезентативец

Истрагата се уште не е завршена, но камерунските медиуми пренесуваат дека здружението има цврсти докази против сите фудбалери, и дека ќе добијат строги казни.

ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Камерунците суспендираа 62 играчи поради лажирање возраст, меѓу нив и 17-годишен репрезентативец

Фудбалската федерација на Камерун суспендираше 62 фудбалери поради фалсификување датуми на раѓање.
Дури 62 играчи се осомничени дека лажеле во документи поврзани со нивната возраст, а меѓу нив има и еден сениорски репрезентативец на Камерун.

Станува збор за Вилфрид Дуала, во чии документи стои дека има 17 години.

Дуала, кој игра во средниот ред за камерунскиот премиерлигаш Викторија Јунајтед, на 17-годишна возраст беше најмладиот учесник на Африканскиот куп на нации кој неодамна се одржа во Брегот на Слоновата Коска.

Многумина поради неговиот изглед се посомневаа дека ги лажирал годините, а денешното решение за суспензија ги потврди тие сомнежи.

Истрагата се уште не е завршена, но камерунските медиуми пренесуваат дека здружението има цврсти докази против сите фудбалери, и дека ќе добијат строги казни.

To top