Фудбал

Гираси од следната сезона во Милан

Гираси од следната сезона во Милан

Милан се подготвува за сериозен ремонт во навалната линија по заминувањето на Оливие Жиру во Лос Анџелес, но и најавеното збогување од Лука Јовиќ.

„Росонерите“ немаат буџет за прескапи играчи од светска класа, па затоа разгледуваат поевтини опции на пазарот. На врвот на листата со желби се наоѓа Серху Гираси, 28-годишниот голгетер кој игра во неверојатна форма во дресот на Штутгарт.

Фудбалерот од Гвинеја е меѓу најзаслужните што Штутгарт е на добар пат да обезбеди учество во ЛШ, но она што го прави особено атрактивен за Милан е фактот дека Гираси во договорот со бундеслигашот има откупна клаузула од 17 милиони евра.

To top