Фудбал ги носеше само на еден натпревар

ФОТО: Златните копачки на Бекам продадени за над 17.000 фунти

Бекам овие копачки ги носеше на Европското првенство против француската репрезентација во 2008 година во Париз.

ФОТО: Златните копачки на Бекам продадени за над 17.000 фунти

Златните копачки што ги носеше Дејвид Бекам во неговата 100-та репрезентација на Англија се продадени на аукција за 17.360 фунти.

Копачките беа едни од вкупно 1.000 продадени предмети во аукциската куќа на Греам Бад во Велингтонбороу.

Graham Budd / grahambuddauctions.co.uk

Бекам овие копачки ги носеше на Европското првенство против француската репрезентација во 2008 година во Париз. На нив се извезени имињата на неговите три деца Бруклин, Ромео и Круз.

Graham Budd / grahambuddauctions.co.uk

Аукционерот Адам Гаскојн рече дека копачките претходно биле изложени на Академијата Дејвид Бекам.

– Кога академијата беше затворена, на некои од вработените им беше дозволено да ги преземат работите, па од таму доаѓаат – додаде Гаскојн.

Graham Budd / grahambuddauctions.co.uk
To top