Фудбал за сезоната 2024/25

ФОТО+ВИДЕО: Инспириран од „Бебињата на Базби“ – Ова е новиот дрес на Манчестер Јунајтед

Смелите комбинации на црвено се измешани за да формираат светло до темноцрвен изглед, кој се протега по централниот дел на горниот дел од дресот – давајќи изглед на боја која постојано се менува.

ФОТО+ВИДЕО: Инспириран од „Бебињата на Базби“ – Ова е новиот дрес на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед и Адидас денеска го претставија новиот домашен дрес на клубот за сезоната 2024/25, дизајниран за оние кои бараат внимание.

Instagram / manchesterunited

Дизајнот на домашниот комплет 2024/25 привлекува внимание под сјајот на светлата на Олд Трафорд, преку огромен број црвени нијанси што создаваат уникатен ефект на сјај.

Инспирацијата е земена од дресот што го носеа „Бебињата на Базби“ во 1952 година.

Manchester United

Смелите комбинации на црвено се измешани за да формираат светло до темноцрвен изглед, кој се протега по централниот дел на горниот дел од дресот – давајќи изглед на боја која постојано се менува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Manchester United (@manchesterunited)

-Се испириравме од малку познат дрес од турнејата во 1952 година, кој е фантастичен ран пример за креативен дизајн и го носеа некои од најлегендарните играчи на клубот. Неговиот изглед што ја менува бојата имаше големо влијание во модерниот израз на домашната гарнитура за оваа сезона, дизајниран да го привлече вниманието од сите агли на теренот, вели Сем Хенди од Адидас.

При изработката на дресот користени се напредни материјали за максимизирање на протокот на воздух за играчите да се чувствуваат студено, но и суво поради големата впивачка моќ.

To top