Шпанија стана европски шампион и со прикажаната игра сосема заслужено се закити со таков статус, но ако треба да се пронајде една дамка околу целиот турнир на „црвената фурија“, тоа е моментот од дополнителните 30 минути во четвртфиналето против Германија.
Домаќинот на турнирот беше тимот кој најсериозно ја предизвика Шпанија на Европското првенство, а воедно беше оштетен и за чист пенал при резултат 1:1 во продолженијата.
Ударот на Џамал Мусиала заврши во раката на Марк Кукурелја и во дадената ситуација несфатливо беше како не се огласи Ентони Тејлор, но уште почудно беше тоа што не се огласија и луѓето во ВАР собата.
Германците беа очекувано лути и бесни откако Мерино подоцна погоди за победа и пласман во полуфиналето, а сега речиси три месеци подоцна, добија известување преку кое УЕФА призна дека била направена огромна грешка.
Во својата стандардна анализа за случувањата на Европското првенство, судиската Комисија при УЕФА соопшти дека домаќинот бил сериозно оштетен во дадената ситуација, бидејќи играњето со рака го направило поголемо телото на Кукурелја.
– Следејќи ги најновите упатства на УЕФА, контактот со рака на топка што го запира ударот кон голот треба да биде построго казнет, а во повеќето случаи треба да се досуди удар од белата точка. Тоа не е така само ако раката на одбранбениот играч е многу блиску до телото или во линија со телото. Во овој случај, дефанзивецот го запира ударот кон голот со раката, која не е многу блиску до телото. Така телото стана поголемо и требаше да се досуди удар од белата точка, – се вели во соопштението на УЕФА.
UEFA Referees Committee has now admitted that a penalty should have been awarded to Germany against Spain following Marc Cucurella's handball. The committee has informed the international referees that there was an error in that play and it should have ended in a penalty. The… pic.twitter.com/bDQoTEhHHs
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) September 23, 2024