Фудбал Премиер лигата

Евертон повторно казнет, одземени уште два бода

Со најновата казна Евертон падна на 16. место на табелата во Премиер лигата и е два бода над зоната за испаѓање.

Евертон повторно казнет, одземени уште два бода

Англискиот фудбалски прволигаш Евертон денеска беше казнет со одземање уште два бода поради второ прекршување на финансиските правила на Премиер лигата.

Правилата за профит и одржливост (ПСР) им дозволуваат на клубовите да влезат во загуба до 105 милиони фунти во текот на три години, а независната комисија утврди дека Евертон го прекршил тоа правило за 16,6 милиони фунти во тригодишниот период до крајот на сезоната 2022/23.

Евертон веќе беше казнет со десет бодови оваа сезона, но таа казна беше намалена на шест бодови откако клубот од Ливерпул поднесе жалба.

Со најновата казна Евертон падна на 16. место на табелата во Премиер лигата и е два бода над зоната за испаѓање.

To top