Фудбал

Де Брујне: Ќе бидам уште подобар

Де Брујне: Ќе бидам уште подобар

УЕФА ја додели наградата за најдобар играч на Португалецот Бернардо Силва, но фантастичниот Кевин де Брујне одигра феноменален меч.

Белгиецот го постигна водечкиот гол, а потоа им асистираше на  Бернардо Силва и Фил Фоденште два погодоци.Де Брујне дури неодамна се врати на теренот по долга пауза поради повреда.

„Поминаа долги пет или шест месеци, но среќен сум што целосно се вратив, да му помогнам на тимот да победи. Немам одиграно деведесет минути скоро една година, но се чувствувам добро и нивото засега е доволно добро.Направивме една грешка и тие ја искористија, но генерално мислам дека одигравме многу добро. Доминиравме и во првото и во второто полувреме“, заклучи Белгиецот.

Реваншот од осминафиналето е на шести март во Манчестер.

To top