Фудбал

Дарко Велковски ќе игра за Динамо Букурешт

Дарко Велковски ќе игра за Динамо Букурешт

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски кариерата ја продолжува во романскиот прволигаш Динамо Букурешт.

Тој по заминувањето од Ал Етифак беше без клуб неколку месеци, а сега му се приклучува на еден од култните романски клубови кој оваа сезона се бори за опстанок.

Динамо Букурешт се наоѓа на претпоследното место со 16 бода, седум помалку во однос на Поли Јаши, тимот што е пред нив на табелата.

Македонскиот интернационалец ќе отпатува на подготовки на тимот во Анталија каде ќе се стави на располагање на тренерот Жељко Копиќ.

To top