Фудбал нов клуб за македонскиот голман

Дамјан Шишковски ќе брани во Ерменија

Дамјан Шишковски ќе брани во Ерменија

28-годишникот голман Дамјан Шишковски кариерата ќе ја продолжи во редовите на Арарат од Ерменија.

Оваа земја ќе биде четврта дестинација за Шишковски, откако досега работеше во Белгија Финска, и на Кипар. Со Арарат македонскиот репрезентативец парафира соработка на година и половина, односно до летото 2025.

Шишковски беше член на Докса од јули 2020 година, редовно бранеше и запиша 120 настапи за кипарскиот клуб.

 

Теми на денот

To top