Фудбал дресови

Цела Англија на чело со премиерот се крена на нозе поради „Најки“ и боите на виножитото: Дали трите лава ќе ги заменат со три мачки?

Англиската фудбалска федерација ги претстави дресовите со кои ќе игра на Европското првенство кое налето ќе се одржи во Германија, но англиската јавност, фановите и политичарите се гневни на производителот „Најки“ бидејќи знамето и црвено-белиот крст на Свети Џорџ кои го обоил во воите на виножитото и повикаа на бојкот.

Меѓу првите кои реагираа на одлуката на „Најки“ е премиерот на Обединетото Кралство, Риши Сунак, кој го предупреди „Најки“ дека не сме да си игра со националните симболи.
„Не смеете да се шегувате со вакви работи бидејќи тие се извор на гордост, идентитет, сплотеност и заедништво. Тие симболи одредуваат кои сме ние“, изјави премиерот Сунак.

И легендарниот голман на Арсенал и на репрезентацијата, Дејвид Симан, исто така е гневен на „Најки“.

„Што е следно? Дали трите лава (грбот на Англиската федерација) ќе ги променат во три мачки?“, порача Симан.

Во првиот час од промоцијата на дресот повеќе од 16.000 луѓе се потпишаа на петицијата да се промени дресот и повикаа на бојкот на „Најки“ поради повреда на националната гордост.

To top