Фудбал има ли сличност?

ФОТО: Дресот на Германија за ЕУРО повлечен од продажба, причината е шокантна

Социјалните мрежи многу брзо се фокусираа на еден детаљ по објавувањето на фотографиите. Најгласните коментари беа за дресот со број 44.

ФОТО: Дресот на Германија за ЕУРО повлечен од продажба, причината е шокантна

Германската компанија „Адидас“ минатиот месец ги претстави новите дресови во кои германската репрезентација ќе настапи на Европското првенство.

Социјалните мрежи многу брзо се фокусираа на еден детаљ по објавувањето на фотографиите. Најгласните коментари беа за дресот со број 44.

Корисниците на социјалните мрежи забележаа дека дизајнот на бројот 44 на дресот наликува на симболот „СС“, по кој беше познат Шуцштафел – главната паравоена организација под команда на Нацистичката партија и Адолф Хитлер.

По многу дискусии и многу приговори за компанијата Адидас, веќе не може да се нарача германски дрес со бројот 44 во онлајн продавницата на Адидас.

Сите испораки на веќе купени дресови со тој број беа прекинати, а беше најавено и дека ниту еден фудбалер на германската репрезентација нема да го има бројот 44 на грбот.

симболот „СС“ / Screenshot

Речиси сите критики беа упатени кон големиот спортски бренд, но Адидас тврди дека Германскиот фудбалски сојуз и неговите партнери се одговорни за дизајнот на фонтот со кој се пишувале презимињата и броевите на дресовите.

„Во нашата компанија работат членови на околу 100 различни фанови, се залагаме за промоција на различноста и вклученост и активно се спротивставуваме на ксенофобијата, антисемитизмот, насилството и омразата во која било форма“, рече Оливер Бриген, портпарол на Адидас за ДПА агенција.

Денеска се огласија и од Гермаскиот фудбалски сојуз од каде истакнуваат дека по консултациите со УЕФА и сите експерти е утврдено дека ниту една бројка не содржи нацистички симболи.

Сепак, велат оттаму, со цел да се избегнат било какви натамошни дискусии ќе направат редизајн за бројот 4 во координација со УЕФА.

Германскиот фудбалски сојуз на крајот на март објави дека од 2027 година спонзор на опремата на сите репрезентативни селекции на оваа земја ќе биде американската компанија Најк.

И тоа ќе биде крај на повеќе од 70 години соработка со Адидас.

Европското првенство се игра во Германија и почнува на 14 јуни, а шампионот на Стариот континент ќе го добиеме на 14 јули.

To top