Манчестер јунајтед со одлична партија ја совлада Астон Вила со 3-1 на „Олд Трафорд“, а повторно Бруно Фернандеш ја потврди својата клучна улога во играта на Црвените ѓаволи.
Капитенот не се запиша меѓу стрелците, но реализираше две асистенции, со што стана апсолутен рекордер по бројот на асистенции за една премиерлигашка сезона во дресот на Јунајтед.
Претходниот рекорд, кој траеше цели 26 години, го држеше легендарниот Дејвид Бекам со 15 асистенции.
Пред оваа рунда, Бруно имаше 14 асистенции, но со успешните додавања при головите на Каземиро и Матеус Куња, Фернандеш го урна рекордот на Бекам уште во март.