Фудбал

Без изненадувања по реваншите за осминафиналето во ЛE

Без изненадувања по реваншите за осминафиналето во ЛE

Тимовите на Милан, Фрајбург, Бенфика, Карабаг, Марсеј, Спарта Прага, Спортинг и Рома во четвртокот се пласираа вво осминафиналето на Лига Европа.

Фудбалерите на Милан се квалификуваа и покрај тоа што загубија од Рен со 2:3 во реваншот од плеј-офот. Милан мина натаму откако победи со 3:0 во првиот натпревар пред седум дена на домашен терен.

Рен поведе вечерва со голот на Бенжамин Бурижо во 11. минута, а израмни српскиот фудбалер Лука Јовиќ во 22. Бурижо ја врати предноста на домашните во 54. минута од пенал, а Рафаел Леао израмни четири минути подоцна. Предноста и победата на Рен повторно ја донесе Бурижо со уште еден гол од пенал во 68. минута.

Фудбалерите на Бенфика се пласираа во осминафиналето откако одиграа 0:0 против Тулуз во реваншот во Франција. Во првиот натпревар Бенфика победи со 2:1.

По продолженијата, Фрајбург победи со 3:2 против Ланс, а решавачкиот гол беше дело на Австриецот Михаел Грегорич во 99. минута.

Португалската Брага победи со 3:2 по продолженијата и за малку ќе го надополнинеше домашниот пораз од 4:2, но азербејџански Карабаг се пласираше со голот на Ахунџаде во 122. минута. Карабаг имаше негатива во 57. минута, но сепак постигна два гола во судиското продолжение.

Спортинг одигра 1:1 со Јанг Бојс во Лисабон, но се палсираше благодарение на победата од 4:2 од првиот натпревар. Гјокереш (13) беше стрелец за Португалеците, а Ганвула (84 пена) за Швајцарците.

Спарта го победи Галатасарај со 4:1 во Прага и ја надополни негативата од 2:3 од првиот меч во Истанбул. За Чесите погодија Пресијадо (8), Тучи (74), Хараслин (80) и Кухта (90+6), а за Турците Бардакчи (16).

Марсеј го победи Шахтјор со 3:1 на „Велодром“ и оди натаму со вкупни 5:3. Аубамејанг (23), Сар (74) и Кондогбија (81) погодија за Французите, а Судаков (12 пенал) за Украинците.

Фудбалерите на Рома последни се пласираа во осминафиналето на Лига Европа откако со подобро изведување пенали го совладаа Феенорд со 5:4 на својот „Олимпико“. Двата меча завршија 1:1. Гименез во 6. минута ги доведе Холанѓаните во водство, а Пелегрини израмни во 15. минута. Во пенал рулетот најпрвин Лукаку промаши за домашните, а потоа Ханцко и Јахабанкш го направија истото кај Феенорд.

To top