Фудбал

Баер Леверкузен против Аталанта во финалето на Лига Европа

Баер Леверкузен против Аталанта во финалето на Лига Европа

Се одиграа и реванш натпреварите од полуфиналето во Лигата на Европа, фудбалерите на Баер Леверкузен на домашен терен одиграа нерешено 2:2 против Рома.

И покрај ремито германскиот претставник благодарение на триумфот од првиот меч во Италија од 2:0 успеа да се пласира во големото финале.

На „Бај Арена“ водеше „волчицата“ по првото полувреме со голот на Паредес од пенал во 43 минута. Италијанците целосно ги вратија надежите во овој двомеч откако во 66 минута Паредес повторно беше прецизен од белата точка за зголемување на позитивата.

Противник на Баер Леверкузен во финалето на 22 мај во Даблин ќе биде Аталанта која пред своите навивачи со Бергамо со 3:0 убедливо го совлада Марсеј. На првиот дуел во Франција немаше победник (1:1).

To top