Фудбал Уругваец

Барселона е подготвена да го продаде Араухо за најмалку 100 милиони евра

Доколку Араухо замине, Барселона планира да ангажира искусен централен дефанзивец.

Барселона е подготвена да го продаде Араухо за најмалку 100 милиони евра

Барселона е подготвена да ги слушне предлозите за трансфер на дефанзивецот Роналд Араухо, пренесува „Sport.es“.

Според шпанскиот спортски медиум, клубот очекува да може да го продаде 25-годишниот Уругваец за не помалку од 100 милиони евра.

Доколку Араухо замине, Барселона планира да ангажира искусен централен дефанзивец.

Во тековната сезона 25-годишниот Араухо одигра 33 натпревари на кои постигна еден гол. Неговиот актуелен договор со Барселона е до крајот на јуни 2026 година.

Трансфермаркт вредноста на Араухо ја проценува на 70 милиони евра.

To top