Фудбал Прв го крена гласот

Анчелоти во војна со ФИФА: Реал не доаѓа на Светското првенство

Сепак, очигледно е дека челниците на светската фудбалска куќа не се консултирале со играчите и тренерите на најдобрите тимови на планетата.

Анчелоти во војна со ФИФА: Реал не доаѓа на Светското првенство

Светската фудбалска федерација (ФИФА) најави дека следната година во Соединетите Американски Држави, во текот на јуни и јули, ќе го организира Светското клупско првенство на кое ќе учествуваат 32 селекции.

Сепак, очигледно е дека челниците на светската фудбалска куќа не се консултирале со играчите и тренерите на најдобрите тимови на планетата.

Прв го крена гласот Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, актуелниот освојувач на Лигата на шампионите.

-ФИФА може да заборави на тоа. На тој турнир нема да учествуваат фудбалери и клубови. Неколку клубови мислат исто како нас. Сигурно ќе ја одбиеме поканата, изјави Анчелоти.

Во најавата за овој настан Џани Инфантино истакна дека тоа треба да биде круна на машкиот професионален фудбал, но најавата за уште еден настан по тешката сезона не ги радува ниту клубовите, ниту играчите.

To top