Дуелите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид стана традиција да играат во Лигата на шампионите, па очекувана е констатацијата на Карло Анчелоти дека ова стана еден вид на Ел Класико.
„Овие натпревари се слични како Ел Класико, бидејќи играме неколку години по ред. Се уште мислам дека Манчестер сити е една од најдобрите екипи во Европа. Го имаат најдобриот тренер во Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола, и ова е еден од најтешките противници против кои може да се соочите. Пеп е мојот најтежок противник. Мислам дека победникот од овој двобој ќе оди многу далеку. Последните години Лигата на шампионите ја освојува тој што ќе биде подобар во нашиот меѓусебен дуел. Знаеме што да очекуваме од Гвардиола и Сити. Секогаш се труди да изненади. Мислам дека тој направи многу за фудбалот, Пеп е иноватор и многу го почитувам.“ – рече Анчелоти на официјалната прес-конференција пред мечот.