Фудбал тешка повреда за австриецот

Анчелоти ја потврди лошата прогноза за Алаба

Анчелоти ја потврди лошата прогноза за Алаба

Давид Алаба заработи повреда и мораше да биде заменет со Начо уште во 35. минута, а клубот два часа подоцна ја потврди најлошата верзија од која стравуваа и фановите.

Австрискиот репрезентативец ги оштетил лигаментите на левото колено и ќе мора да биде опериран, што значи дека за него сезоната е веќе завршена.

Повредата на лигаментите бара долга рехабилитација и јасно е дека Реал загуби уште еден првотимец, кој само го надополни списокот на играчи во составот на Карло Анчелоти, кои сезонава се испратени на принудна пауза.

To top