Фудбал ФФМ

Александар Андов нов селектор на македонските фудбалерки

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го назначи денеска Александар Андов за нов селектор на македонската женска фудбалска репрезентација на местото на Кирил Изов.

Александар Андов нов селектор на македонските фудбалерки

Андов досега ја извршуваше функцијата асистент во стручниот штаб на Изов, а на селекторската должност ќе дебитира на 5 април кога македонските фудбалерки гостуваат во Латвија во воведниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство чиј домаќин во 2025 година ќе биде Швајцарија.

Должноста селектор на македонските фудбалерки Изов ја извршуваше од мај 2016 година.

„ФФМ упатува благодарност до Кирил Изов за неговиот професионализам и посветеност во текот на извршувањето на селекторската функција. Во оваа прилика му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера“, соопшти ФФМ.

To top