ТВ и Филм на 10 март

Оскари 2024: Ова се сите номинации, има изненадувања

Она што е различно во однос на минатата година е промената на правилата што овозможи дури 10 дела да бидат номинирани во категоријата најдобар филм.

Оскари 2024: Ова се сите номинации, има изненадувања

По Златните глобуси, наградите за избор на критичарите и Еми, дојде редот на Оскарите кои секогаш креваат најголема прашина.

Оскарите ќе бидат доделени на почетокот на март во Лос Анџелес, подоцна од вообичаено, а сега пристигнаа сите номинации.

Она што е различно во однос на минатата година е промената на правилата што овозможи дури 10 дела да бидат номинирани во категоријата најдобар филм.

Ова исто така ќе биде првата година во која правилата поврзани со различноста стапуваат во игра за најдобриот филм, односно вклучување на недоволно застапени расни и етнички групи, како и жени, ЛГБТ лица и лица со секаков вид на попреченост.

Опенхајмер води на листата со 13 номинации, а потоа следат Poor Things (11), Killers of the Flower Moon (10) и Barbie (8).

Иако се очекуваше многу, изненадувањата и оваа година не недостигаа, па Маргот Роби не беше номинирана за улогата во филмот Барби, а ниту Грета Гервиг не беше номинирана за најдобар режисер.

Покрај тоа, Леонардо ди Каприо не беше номиниран за најдобар актер, а Бредли Купер не беше номиниран за најдобар режисер.

Филмот Past Lives исто така не помина како што се очекуваше, а The Zone of Interest изненади со бројни номинации.

Позитивно изненадување е номинацијата на Америка Ферера за најдобра споредна женска улога, а номинацијата на Лили Гладстон е исто така важна точка кога станува збор за Оскарите.

Оскари 2024 – номинации:

Најдобар филм

American Fiction
Anatomy of a Fall
Barbie
The Holdovers
Killers of the Flower Moon
Maestro
Oppenheimer
Past Lives
Poor Things
The Zone of Interest

Најдобра режија

Жистин Трије – Anatomy of a Fall
Мартин Скорсезе – Killers of the Flower Moon
Кристофер Нолан – Oppenheimer
Јоргос Лантимос – Poor Things
Џонатан Глејзер – The Zone of Interest

Најдобра главна женска улога

Анет Бенинг – Nyad
Лили Гледстоун – Killers of the Flower Moon
Сандра Хилер – Anatomy of a Fall
Кери Малиган – Maestro
Ема Стоун – Poor Things

Најдобра главна машка улога

Бредли Купер – Maestro
Колман Доминго – Rustin
Пол Џиамати– The Holdovers
Килијан Марфи – Oppenheimer
Џефри Рајт – American Fiction

Најдобра споредна женска улога

Емили Блант – Oppenheimer
Данијел Брукс – The Color Purple
Америка Ферера – Barbie
Џоди Фостер – Nyad
Давајн Џој Рендолф – The Holdovers

Најдобра споредна машка улога

Стерлинг К.Браун – American Fiction
Роберт Де Ниро – Killers of the Flower Moon
Робеерт Дауни Јуниор – Opennheimer
Рајан Гослинг – Barbie
Марк Рафало – Poor Things

Најдобро оригинално сценарио

Anatomy of a Fall – Жистин Трије и Артур Харари
The Holdovers – Александер Пејн
Maestro – Бредли Купер и Џош Сингер
Past Lives – Сели Сонг
May December – Семи Берч

Најдобро адаптирано сценарио

American Fiction – Корд Џеферсон
Barbie – Грета Гервиг, Ноа Баумбах
Oppenheimer – Кристофер Нолан
Poor Things – Тони Мејнамара
The Zone of Interest – Џонатан Глејзер

Најдобар странски филм

Io Capitano
Perfect Days
Society of the Snow
The Teachers’ Lounge
The Zone of Interest

Најдобар анимиран филм

The Boy and the Heron
Elemental
Nimona
Robot Dreams
Spider-Man: Across the Spider-Verse

Најдобра монтажа

Anatomy of a Fall
The Holdovers
Killers of the Flower Moon
Oppenheimer
Poor Things

Најдобра шминка и фризура

Golda
Maestro
Oppenheimer
Poor Things
Society of the Snow

Најдобар звук

The Creator
Maestro
Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One
Oppenheimer
The Zone of Interest

Најдобри визуелни ефекти

The Creator
Godzilla Minus One
Guardians of the Galaxy Vol. 3
Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One
Napoleon

Најдобар оригинален соундтрак

American Fiction
Indiana Jones and the Dial of Destiny
Killers of the Flower Moon
Oppenheimer
Poor Things

Најдобра песна

The Fire Inside – Flamin’ Hot
I’m Just Ken – Barbie
It Never Went Away – American Symphony
Wahzhazhe (A Song for My People) – Killers of the Flower Moon
What Was I Made For? – Barbie

Најдобар документарен филм

Bobi Wine: The People’s President
The Eternal Memory
Four Daughters
To Kill a Tiger
28 Days in Mariupol

Оскарите ќе бидат доделени на 10 март, а домаќин по четврти пат ќе биде водителот и комичар Џими Кимел.

To top