Таа изјавиа дека боледува од ретка невролошка болест и дека досега не зборувала за тоа, но дека сега е подготвена.
„Не е тешко да се направи настап. Тешко е да се откаже. Работам напорно секој ден, но морам да признаам дека ова е борба. Многу ми недостигаат луѓето. Ако не можам да трчам, ќе одам. Ако не можам да одам, ќе ползам, но нема да застанам“, рече таа низ солзи.
Пејачката на крајот на 2022 година објави дека боледува од синдром на вкочанет човек, ретко автоимуно нарушување на движењето кое влијае на централниот нервен систем (мозокот и ‘рбетниот мозок). Синдромот погодува еден од милион луѓе.
Нејзината сестра Клодет Дион неодамна изјавила дека Селин повеќе нема контрола над своите мускули и дека и покрај работата со врвен тим лекари, не забележала никакво подобрување во своето здравје.
Документарниот филм I Am: Celine Dion го режираше Ајрин Тејлор. Покрај инспиративната приказна за нејзиниот успех во музичката индустрија, на публиката ќе ѝ бидат прикажани и ужасните детали од нејзината борба со синдромот на вкочанет човек.
Документарецот ќе можете да го гледате од 25 јуни на сервисот Prime Video.