Пејачката Рада Манојловиќ од една свадба во Тутин се вратила со полни раце бакшиш, тврди добро упатен извор за српските медиуми.
-Домаќините беа добри. Тие живеат во Германија, а веселбата ја правеа во Тутин бидејќи потекнуваат од таму. Тоа беше една вистинска босанска свадба со доста интересни обичаи. Многу сум им благодарна на младенците што баш мене ме избраа да им го разубавам најсреќниот ден во животот. Тие се добри млади луѓе и навистина се виде дека многу ме сакаат, изјави пејачката во една прилика.
View this post on Instagram
Таа иако не сакаше да открие колку пари земала како бакшиш, добро упатен извор за српските медиуми вели дека таа за седум отпеани песни земала брдо пари.
-Прво ја испеа „Јас немам друг дом“ од Лепа Брена, како свадбен танц на младите, а потоа ги отпеала своите три хита „Свадба“, „Маракана“ и „Бисери и свила“, а потоа уште три песни „Мутивода“, „За нас касно е“ и „Европа“ за што била наградена со вкупно 20 илјади евра.
View this post on Instagram