Познати

ВИДЕО: Позната манекенка киднапирана со сопругот и детето

ВИДЕО: Позната манекенка киднапирана со сопругот и детето

Бразилската манекенка со меѓународна кариера Лусијана Кертис, нејзиниот сопруг фотограф Енрике Жендре и нивното 11-годишно дете беа киднапирани и држени во заложништво 12 часа во Бразил.

-Вооружени криминалци ја чекале манекенката со сопругот и детето да го напуштат ресторанот, а потоа ги киднапирале“, се вели во соопштението на бразилската полиција, а пренесува „Њујорк пост“.

Киднапирањето се случило по вечерата во луксузен кварт во Сао Паоло.

Instagram / lucurtis

-Тројцата киднапери им држеле пиштоли на главите на Лусијана и Енрике, ги внеле во нејзиниот автомобил и ги натерале да возат во барака на периферијата на градот, каде што ги држеле цела ноќ. Тие биле ослободени следното утро откако ги испразниле сметките во банка, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата го повикало постарото дете на Лусијана кое не отишло на вечера со семејството.

-Лусијана и нејзиното семејство сега се безбедни и здрави, изјави нејзиниот ПР за локалните медиуми.

Лусијана Кертис (47), која е родена во Сао Паоло, е ќерка на британскиот бизнисмен Малколм Лео Кертис.

Таа го освои бразилското финале на Светскиот супермодел во 1993 година, ги красеше насловните страници на модните списанија како „Marie Claire“ и „Cosmopolitan“, соработуваше со познати личности како Бијонсе додека беше модел за „Victoria’s Secret“ и „H&M“.

Најнови вести од Познати

To top