Познати

ВИДЕО: Нови детали за „сомнителната“ смрт на Лијам Пејн – Објавена снимка од повикот до полицијата, еве што е пронајдено во неговата соба

Откако телото беше донесено на обдукција, обвинителството, врз основа на положбата на телото на Пејн и повредите што ги здобил, утврди дека тој „не зел рефлексивно држење за да се заштити и дека можеби паднал половично или целосно онесвестен“.

ВИДЕО: Нови детали за „сомнителната“ смрт на Лијам Пејн – Објавена снимка од повикот до полицијата, еве што е пронајдено во неговата соба

Националното казнено-поправно обвинителство на Аргентина во соопштение рече дека властите пронашле супстанци кои се чини дека се дрога, покрај докази за алкохол и наркотици, во собата на поп пејачот и поранешен член на One Direction, Лијам Пејн.

Инспекторите интервјуирале пет сведоци – тројца хотелски работници и две жени – за да направат временска рамка за последните часови на Пејн, се вели во соопштението.

Сведоците биле со пејачот во неговата хотелска соба претходно во средата, но го напуштиле местото во моментот на несреќата, соопшти полицијата.

31-годишниот британски пејач им подлегна на повредите со кои се здоби при падот без можност за реанимација, изјави Алберто Кресенти, шеф на Итната медицинска помош во земјата.

Трагичната несреќа се истражува како „сомнителна смрт“, што е стандарден протокол во Аргентина, според официјални лица. Се наведува и дека тој најверојатно „бил сам и под дејство на дрога пред да падне“.

Локалната полиција која извршила увид во хотелската соба забележала уништен мебел и предмети, како и количество алкохол и дрога.

Медицинските техничари побарале токсиколошки извештај, резултатите се очекуваат наскоро, а форензичарите не нашле докази за повреди во одбрана.

Пабло Поличикио, портпарол на Министерството за безбедност на општината Буенос Аирес, во средата изјави дека Пејн „самиот паднал од балконот на својата соба“ и дека полицијата била испратена во хотелот како одговор на итен повик за „агресивен маж кој можеби е под дејство на дрога или алкохол“. По доаѓањето на полициската екипа неговото тело било пронајдено во дворот на хотелот.

Во повикот до полицијата, вработениот во хотелот, кажал дека се загрижени за гостинот кој се однесува агресивно, бидејќи неговата соба е со тераса.

Откако телото беше донесено на обдукција, обвинителството, врз основа на положбата на телото на Пејн и повредите што ги здобил, утврди дека тој „не зел рефлексивно држење за да се заштити и дека можеби паднал половично или целосно онесвестен“.

Лијам почина две недели откако пристигна во Аргентина за да присуствува на концертот на неговиот пријател и колега од бендот Ниал Хоран.

To top