Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
Меланија Трамп, првата дама на САД и жена која ја знае добитната комбинација кога станува збор за официјални посети, се придружи на пречекот и организираната вечера во Белата куќа во чест на принцот.
Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна тоалета за да го пречека саудискиот принц.
View this post on Instagram
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД има тело како модел, таа немаше проблем да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Елија Саба со леснотија.
Стајлингот го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.