Познати

ВИДЕО: Меган Фокс се породи, роди ќерка по бурното раскинување

ВИДЕО: Меган Фокс се породи, роди ќерка по бурното раскинување

Се породи една од најубавите актерки: Добија дете по бурното раскинување ФОТО

Меган Фокс и Кели го дочекаа своето прво дете, што го потврдија на интернет и го открија полот на бебето. Актерката Меган Фокс (38) објави дека е бремена во ноември минатата година, а сега објавија дека се породила!

Една од најубавите жени на светот и раперот Кели го добија своето прво дете, што беше потврдено и на социјалните мрежи.

-Конечно е тука! Нашето мало рајско семе, напиша раперот на Инстаграм и откри дека добиле девојче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mgk (@machinegunkelly)

Шпекулациите за бременоста започнаа уште во јули, но Меган вешто ја криеше неколку месеци, до ноември кога објави многу емотивна порака и го покажа трудничкиот стомак. Оттогаш таа не се појавила во јавноста.

Таа има турбулентно минато со контроверзниот рапер, а раскинувањето се случи уште пред да се знае дека чекаат дете, па многу луѓе сега не се сигурни дали славниот пар се смирил и ги закопал секирите поради доаѓањето на бебето.

Тие се запознаа на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“ во 2020 година и набргу потоа се верија.

Меган Фокс има три деца со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин. Тие се разведоа во мај 2020 година, по десет години брак.

Најнови вести од Познати

To top