Познати

ВИДЕО: Марија Шерифовиќ ја искара мајка си – „Ги наведе сите најдобри, освен најдобриот, Тоше Проески“

ВИДЕО: Марија Шерифовиќ ја искара мајка си – „Ги наведе сите најдобри, освен најдобриот, Тоше Проески“

Српската пејачка Марија Шерифовиќ на ЈуТјуб често објавува видеа од своите настапи и турнеи, за тоа што се случува зад сцената, но и снимки од секојдневнието.

На нејзиниот канал на ЈуТјуб има видеа од разни случки, патувања, семејни моменти, но и предизвици.

Токму еден таков предизвик таа играше со нејзината мајка Верица. Марија доби задача од Верица во играта „или-или“ да избере пејач и пејачка од понудените кој најмногу и се допаѓа или смета дека е најдобра односно најдобар.

На крајот од играта се издвоија Нина Бадриќ и Оливер Драгојевиќ, но Марија имаше голема замерка за изборот на Верица.

-Ако зборуваме за интерпретатори, ги наведе сите најдобри од Балканот, но ти недостасува еден. Еден кој е подобар од сите кои ги наведе, можеби не само од Оливер Драгојевиќ. Тоше Проески, и рече Марија на својата мајка.

 

To top