Познати

ВИДЕО: Лејди Гага ги надмина сите очекувања во Венеција, фустанот и роговите го засенија скапиот веренички прстен

ВИДЕО: Лејди Гага ги надмина сите очекувања во Венеција, фустанот и роговите го засенија скапиот веренички прстен

Лејди Гага целосно доминираше на филмскиот фестивал во Венеција пред премиерата на „Џокер 2“.

Музичката дива, која во овој филм ја толкува улогата на Харли Квин, прошета на црвениот тепих со својот филмски партнер Хоакин Феникс, режисерот на филмот Тод Филипс и нејзиниот вереник Мајкл Полански, во невообичаено гламурозен и обемен црн фустан со длабоко деколте и масивно здолниште.

Сепак, сета „слава“ на нејзиниот изглед отиде кај драматичниот детаљ на главата. Блескава тантела обликувана во „рогови“ ги покриваше очите на Гага, а врвовите над нејзината глава му дадоа многу драматичен ефект на изгледот на дивата.

Покрај тоа, Гага носеше и Tiffany & Co. накит, како и чизми на платформа, кои ѕиркаа од под фустанот.

Во продолжението на Џокер од 2019 година, Гага ја презема улогата на Харли, која ја толкуваа голем број други актерки, меѓу кои Маргот Роби, Миа Сара, Кејли Куоко и други. Пејачката сепак ова продолжение Харли го направи целосно свое.

– Мојата верзија на Харли е моја и е многу автентична за овој филм и за овие ликови – рече таа на премиерата на 23 мај.

– Не сакам да подарувам ништо повеќе, бидејќи мислам дека тоа е навистина нешто во кое треба да се доживее. Филмот има музика, има танц, има неверојатна глума во него. Сакам да работам со Хоакин и Тод. И никогаш порано не сум направила нешто како овој филм, така што сето тоа е сосема ново и навистина забавно, додаде таа.

Screenshot

Ужива во Венеција со својот вереник

Лејди Гага и нејзиниот вереник Мајкл Полански приредија вистинско љубовно „шоу“ на почетокот на неделата кога пристигнаа во Италија на 81-от годишен филмски фестивал во Венеција.

Идните сопружници си разменуваа емотивни моменти во водното такси, а Гага гордо го покажа својот огромен дијамантски веренички прстен.

Најнови вести од Познати

To top