Познати убави вести

ВИДЕО: Кејт Мидлтон заврши со третманот со хемотерапија, во емотивно видео објасни се’

Денеска, 9 септември, принцезата од Велс објави емотивна видео порака, во која се нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, и нивните три деца, принцот Џорџ (11), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис (6).

ВИДЕО: Кејт Мидлтон заврши со третманот со хемотерапија, во емотивно видео објасни се’

Кејт Мидлтон го заврши својот третман со хемотерапија и сподели лични податоци за тоа низ што поминала откако и беше дијагностициран рак на почетокот од оваа година.

Денеска, 9 септември, принцезата од Велс објави емотивна видео порака, во која се нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, и нивните три деца, принцот Џорџ (11), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис (6).

-Како што летото привршува, не можам да ви кажам колку ми олеснува што мојот третман со хемотерапија заврши, рече Кејт во видеото.

-Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот каков што знаете може да се промени за миг, и моравме да најдеме начин да се движиме низ овие бурни води и непознат пат.

Screenshot / X

Патувањето низ ракот е сложено, страшно и непредвидливо за сите, особено за оние што ви се најблиски. Понизно ве соочува со сопствените слабости на начин на кој никогаш досега не сте размислувале, а со тоа доаѓа и нова перспектива за сè.

Пред сè, овој пат ме потсети мене и Вилијам да размислуваме и да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот што многумина од нас често ги земаат здраво за готово. Едноставно да сакаме и да бидеме сакани.

Мојот фокус сега е да направам се што можам за да останам здрава. Иако ја завршив хемотерапијата, мојот пат до заздравување и целосно закрепнување е долг и морам да продолжам да го земам секој ден како што доаѓа.

Сепак, со нетрпение очекувам да се вратам на работа и да направам уште неколку јавни ангажмани во наредните месеци, кога ќе можам.

И покрај сè што помина, влегувам во оваа нова фаза на закрепнување со обновено чувство на надеж и благодарност за животот.

Вилијам и јас сме многу благодарни за поддршката што ја добивме и земаме голема сила од сите што ни помагаат во овој момент. Сечија љубезност, емпатија и сочувство беа навистина трогателни, вели Кејт во видео пораката.

Screenshot / X

Принцезата од Велс беше отсутна од јавниот живот во текот на 2024 година. По извршената планирана операција на абдоменот во јануари, Кејт во емотивна видео порака на 22 март објави дека и е дијагностициран рак и дека оди на хемотерапија.

Оваа година, таа беше видена во официјални прилики само двапати – на 15 јуни на церемонијата на Trooping the Color и на 14 јули на Вимблдон, заедно со нејзината ќерка принцезата Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон.

Сандеј тајмс на 8 септември објави дека Кејт се надева дека „потенцијално“ ќе им се придружи на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, свекорот, кралот Чарлс и остатокот од кралското семејство, кога ќе им оддадат почит на загинатите припадници на службата на Денот на сеќавањето, кој се паѓа на 10 ноември оваа година.

Screenshot / X

На настанот, кој ги собира членовите на кралското семејство, политичарите и воените лидери во Кенотафот во Вајтхол, Лондон, секоја година присуствуваат членови на кралското семејство.

Од Кенсингтонската палата изјавија за магазинот People дека помошниците веќе почнале да го планираат годишниот божиќен концерт што принцезата од Велс го организира и присуствува со своето семејство во последните три години.

Најнови вести од Познати

To top