Основачот на „Гранд“ Саша Поповиќ почина на 70-годишна возраст. Зад себе остави богата музичка кариера во која доживеа многу.
Пред неколку години, Поповиќ се присети на средбата со Баба Ванѓа и на она што тогаш му го кажала таа.
-Кога бевме на концерт во Бугарија ни рекоа дека во 11 часот сме имале средба со Баба Ванѓа. Јас и Брена отидовме и добивме по две коцки шеќер. Ги завиткавме во салфетка и ги ставивме под перницата вечерта пред нашата посета на Ванѓа. Следниот ден отидовме кај неа. Не предупредија да не и даваме пари или други материјални работи бидејќи сето тоа го добила од државата – автомобилот, куќата и обезбедувањето. Цариникот не провери сите, поминавме еден километар, имаше шатори, а во нив имаше луѓе кои беа на 15 дена од закажаниот термин, тоа се илјадници луѓе. Тито четири пати ја посетил Ванѓа, таа му кажала што да прави. Ванѓа разумно зборуваше српски – изјави еднаш Саша за домашните медиуми.
Тој детално опиша се што му кажала Баба Ванѓа.
– Стигнавме со Брена, таа не пречека, јас сакав да одам прв. Таа ми вели да ги извадам очилата, јас и велам дека не ги носам, а таа ми рече да не бидам груб и да се сеќавам на се што ќе ми каже. И таа брзо почна да зборува: „Имаш 37 години, татко ти загина во сообраќајна несреќа, мајка ти остана сама, престана да пали свеќа за слава, опомени ја“. Па ми рече дека црвената кола е одлична, ја купив во Виена и ми рече да ги чувам документите што ги направив во Виена. Ми рече дека групата за која работма сега нема да постои за една година, ќе се распадне. Тогаш, во август 1991 година, на концертот имавме дури 120.000 гледачи. И таа ми рече дека ќе пеам и пукна од смеење. Јас бев единствениот во групата што не пееше. Тогаш ми кажа дека на 48 години ќе бидам врв на српската естрада, а јас и Брена се гледавме зачудено. И тогаш ја прашувам: „Кажи ми кога ќе се оженам? Ми рече дека нема да се женам во наредните 6 години. А девојка ми беше бремена тогаш, во 4ти месец, на што Ванѓа ми рече дека нема ништо од неа, дека детето нема да се роди и дека ќе раскинеме на 5 јануари. И така се случи – откри Саша Поповиќ.