Помина уште една епизода од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ во која дојде до конфликт меѓу Саша Поповиќ и Марија Шерифовиќ.
Имено, на Марија не и се допаднало како две девојки ги изведуваат своите песни, што јасно им ставила до знаење, но со својот коментар го испровоцирала Саша, кој навистина ја „удрил“ таму каде што не смеел.
-Изгледате одлично, но немате поима, не пеете добро, рекла Марија.
-Мара кога ќе види згодни девојки, веднаш почнува да ги „сече“ – рекол Поповиќ и ја налутил пејачката.
-Тоа не е точно и глупаво е тоа што го кажуваш! Нема врска, некултурно е и безобразно. Огромен селјак си, му кажа Шерифовиќ на Поповиќ.
За да ги смири страстите, Саша потоа се навратил на моментот кога ја запознал Марија.
– Верица ми вели „Сале, ја донесов мојата Мара“, јас се поздравувам, таа ми вели „Море марш таму“! – се присети Саша.
– Веднаш знаев како да се однесувам со тебе – му рече пејачката.