Познати во нападот загинале 143 лица

Стивен Сигал ги посети повредените од терористичкиот напад во Москва

Американскиот актер Стивен Сигал ги посети повредените од терористичкиот напад во московската концертна сала „Крокус“, кои се наоѓаат во Националниот медицинско-хируршки центар „Н.И. Пирогов“, соопшти Министерството за здравство на Русија.

Стивен Сигал ги посети повредените од терористичкиот напад во Москва

– Овој напад е страшна трагедија што не требаше да се случи. Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да му се прави на ниту еден народ, а да остане неказнето, изјави Сигал.

Според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, во нападот загинале 143 лица. Како што соопшти денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви. Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години.

Нападот на „Крокус сити хол“ во Красногорск, предградие на Москва, се случи во петокот вечерта, кога неколку вооружени терористи во маскирни униформи влегле во објектот и отвориле оган врз присутните лица. Тие активирале и експлозивни направи на повеќе места, што предизвикало пожар, поради што се урнал покривот, а салата изгоре целосно.

Најнови вести од Познати

To top