Српскиот рапер Александар М.(38) е убиен вчера рано наутро пред бар во Дизелдорф, Германија.
Албанецот Рустем Лапи (52) е уапсен под сомнение дека го испукал смртоносниот истрел во него.
Како што може да се види на неговиот профил на Инстаграм кој го следат околу 1.800 фанови, тој се занимавал со музика, а пред две години го објавил својот сингл.
View this post on Instagram
Под последната фотографија што ја објави на Инстаграм пред дури 44 недели, има бројни коментари од луѓето кои се збогуваат со Александар.
Покрај песната „Оксфорд“, Алекс М. пред 3 години ја објави и песната „Хотспот“ која забележа значителен број прегледи, а на неа внимание обрнаа над 100.000 корисници на Јутјуб.