Познати

СРЦЕ ПОЛНО СО ТРАГЕДИИ: Братот на Џеј го заѕидале во темел од зграда, а неговата сестра била убиена со камен во главата од својот внук! (ФОТО)

СРЦЕ ПОЛНО СО ТРАГЕДИИ: Братот на Џеј го заѕидале во темел од зграда, а неговата сестра била убиена со камен во главата од својот внук! (ФОТО)

Животот на славниот Џеј Рамадановски е преточен во филмот „Недела“, каде се прикажани деталите за неговото тешко детство и младост и турбулентниот живот.

Во филмот се споменува и братот на Џеј, познатиот Дон од Дорчол, Исо Леро Џамба, за чие убиство и денес кружат приказни.

Џамба важел за смел дечко од асфалтот, но трагично загина. Како што се шират гласини, тој бил закопан во темелите на една зграда, додека други велат дека бил фрлен во река. Сепак, првата приказна е прикажана и во филмот „Недела“ – дека тој бил закопан мртов во бетон.

Инаку, Исо Леро Џамба, влегол во црната хроника уште како малолетник, најмногу поради кражби. А бил „крвнички“ убиен во лифт.

Иако бил со ситна градба, околу 170 сантиметри висок, тежок околу 70 килограми, бил многу храбар, а почнал да тренира бокс многу рано, потоа боксувал за Црвена Звезда и Раднички.

Поради неговиот фер-плеј однос кон сите, тој станал легенда, а победувал многу посилни и поголеми од него.

Инаку во филмот е прикажана и трагичната смрт на сестрата на Џеј која била крвнички убиена од својот внук.

Неговата сестра Шехерезада беше брутално убиена во 2003 година во Црна Гора, а најболното е што масакрот го нарачал, а и лично присуствувал синот на нивната најстара сестра. Џеј никогаш не можел да се опорави од оваа загуба, особено знаејќи дека нивниот роднина е главниот виновник.

„Не знаеме што беше пострашно, болката поради губитокот на нашата сестра, начинот на кој таа почина или сознанието дека нивниот роднина го направил тоа. Џеј никогаш не се опорави од тој шок. Со години сликата на трупот на Шехерезада го прогонуваше. Се измачуваше себеси со прашања како негов роднина може да го направи тоа, да гледа, да молчи… Џеј, кој како дете од дом на улица гледаше сè, тој што со песна влегуваше во сечија душа влегуваше и ја правеше поголема, подобра, понежна, душата на својот најроден не можеше да ја допре и разбере. Џеј го идентификуваше масакрираното и веќе распаднато тело на својата сестра, ја препозна по златното ланче на десната нога, но оттогаш неговото срце се разболе и нешто во него неповратно се скрши“, раскажал за медиумите братучедот на Џеј по неговата смрт.

Џеј со месеци се обидувал да ја пронајде својата сестра, но за жал, успеал да го најде само нејзиното тело, кое подоцна морал да го идентификува. Таа слика го прогонувала со години.

„Шехерезада е моја постара сестра и исчезна кога со својот автомобил од Италија, каде што живееше, се возеше до Белград. Со месеци, нејзиниот сопруг, кој е Италијанец, и јас се обидувавме да дознаеме каде е таа. Шпекулиравме дали е киднапирана и дали воопшто е жива. Потрагата ја вршеше и Интерпол, но немаше извештаи кои би ја разрешиле мистеријата… Убиството на Шехерезада било долго планирано и намерно извршено. Нарачателот на убиството е наш внук, син на нашата најстара сестра. Тој имаше овластување да раководи со работите на приватната компанија на Шехерезада во Белград. Се чини дека при склучување договори и набавка на некои автобуси проневерил 10.000 евра. Направил уште неколку махинации и за да го прикрие сето тоа решил да ја убие. Впечатоците се уште пострашни бидејќи нашите семејства се богати и злосторство поради користољубие е апсурдно. Внукот дознал кога таа пристигнува со траект до пристаништето Бар, отишол да ја чека, но наместо безбедно да ја врати дома во Србија, ѝ поставил стапица. Убиството го извршиле двајца млади момчиња кои ги донел од Белград. Ја удриле по главата со тап предмет, се претпоставува дека е камен, а потоа ја оставиле таму“, раскажа своевремено Џеј за „Ревија 92“.

Пејачот во една прилика пред камерите изјави дека најголема тага му е смртта на сестра му.

„Кога загина сестра ми. Не можам да зборувам за тоа”, рекол Џеј тогаш со солзи во очите.

Најнови вести од Познати

To top