Превентивната хемотерапија како и другите видови лекување канцер, бара промена на животните навики, а Кејт тоа сериозно го сфатила.
Принцезата Кејт закрепнува на својот селски имот Норфолк, додека поминува низ исцрпувачки превентивен третман на хемотерапија. Таа минатиот месец објави дека боледува од канцер и дека во наредните месеци ќе се посвети на закрепнување и животна борба.
Напомнала и дека ќе ги одложи сите обврски и ќе земе слободно време да го излекува својот „ум, тело и дух“, но што значи тоа за начинот на нејзиниот живот?
Професорката Рамија Мокбел, консултант дерматолог со посебни интереси за канцер на кожа и скрининг и основач на Лондонската клиника за кожа и бенки, вели дека превентивната хемотерапија веројатно предизвикува „колатерална штета“ во телото.
Поради тоа од клучна важност е пациентите да се придржуваат до здравата исхрана и да направат мали, но значајни промени во начинот на живот за телото полесно да закрепне.
„Превентивната хемотерапија исто така позната и како адјувантна хемотерапија, се дава после операција на отстранување канцер и кога скенирањето ќе покаже дека не постојат докази дека канцерот се проширил на друго место.
Нејзината цел е да се искоренат сите преостанати клетки на канцер кои можат да циркулираат во крвотокот или да се прошират на другите органи. Овој третман често предизвикува колатерална штета, што доведува до непосакувани ефекти, како губење на косата, низок број бели крвни зрнца, намален имунитет на инфекции и воспаленија на цревата“, вели таа.
Принцезата Кејт треба да избегнува:
– Шеќер;
– Алкохол;
– Пченица;
– Млеко;
– Глутен.
Принцезата Кејт во исхраната треба да вклучи:
– Органско овошје и зеленчук;
– Органски протеини;
– Електролити;
– Здрави масти;
– Сложени јаглехидрати.
Поради тоа што Кејт и досега се грижела за тоа како се храни, веројатно е дека нема да мора да прави значајни промени во својата дневна рутина.
Здравите салати и нејзиниот дневен зелен сок се на врвот на листата препорачани оброци.