Познати

САЊА КУЖЕТ СЕ ПРОСТИ ОД „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“: Одиме кон нови победи, еве која водителка ќе ја замени во музичкото шоу (ФОТО)

САЊА КУЖЕТ СЕ ПРОСТИ ОД „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“: Одиме кон нови победи, еве која водителка ќе ја замени во музичкото шоу (ФОТО)

Водителката на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет неодамна откри дека е во блажена состојба, поради што замина на породилно.

Таа сега им се обрати на многубројните следбеници преку нејзиниот профил на Инстаграм.

Имено, водителката објави две фотографии кои се направени за време на снимањето на емисијата и во таа прилика истакнала дека до тогаш немала поим дека е во блажена состојба.

– Толку од мене, за оваа сезона, драги луѓе… Сликите се направени на последниот ден од снимањето… Кога немав поим дека нема да ја завршам оваа сезона. Одиме на нови приватни победи! – напиша водителката во објава на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Инаку официјално новата водителка на „Ѕвездите на гранд“ до крајот на оваа сезона ќе биде Ана Севиќ.

Најнови вести од Познати

To top