Познати Неговата дарежливост се памети

Роналдо ја откри големата тајна на Марадона: Легендарниот фудбалер носеше часовници на двете раце, а еве што се случи со еден од нив

По смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдо изјави дека веста за заминувањето на Диего му била тешка, а вака се сеќава на една вечер во Мадрид.

Роналдо ја откри големата тајна на Марадона: Легендарниот фудбалер носеше часовници на двете раце, а еве што се случи со еден од нив

Легендарниот Диего Марадона често носел часовници на двете раце, а интересната приказна за тоа ја раскажа друг познат фудбалер.

Роналдо и Марадона, кој почина во ноември 2020 година, беа одлични пријатели, а приказната на Бразилецот доволно зборува за тоа во какви односи биле.

Аргентинецот и во играчките денови беше, во најмала рака, интересен лик и така остана до последните денови.

По смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдо изјави дека веста за заминувањето на Диего му била тешка, а вака се сеќава на една вечер во Мадрид.

-Во една од првите посети на вечера кај мене во Мадрид, Диего носеше два рачни часовници. Никогаш не одеше никаде без нив, па го прашав зошто носи часовник на секоја рака. Рече дека ќерка му му ги дала и оттогаш не ги извадил, изјави Роналдо.

Легендарниот Бразилец објасни што се случи потоа.

-По вечерата, извади еден часовник и ми го подари. Не сакав да го прифатам, но тој се налути и немав избор. Тоа ќе биде вечен спомен на нашето пријателство и неговата дарежливост, раскажа Бразилецот Роналдо.

Најнови вести од Познати

To top