Познати ќе се изненадите

Познати личности кои биле Евреи

Еврејскиот народ е етно-религиозна група која потекнува од историските Израелци. Многу Евреи исто така се придржуваат на религиозната вера на јудаизмот. Ова се познати луѓе за кои можеби не сте знаеле дека се Евреи.

Познати личности кои биле Евреи

Еврејскиот народ е етно-религиозна група која потекнува од историските Израелци. Многу Евреи исто така се придржуваат на религиозната вера на јудаизмот. Ова се познати луѓе за кои можеби не сте знаеле дека се Евреи.

Пророкот Авраам (2 век п.н.е) – Авраам е клучната фигура во јудаизмот, христијанството и исламот. Се смета за прв патријарх на еврејскиот народ.

Мојсеј (1391 п.н.е. – 1271 п.н.е.) – Мојсеј бил клучна фигура во еврејската историја, кој го водел еврејскиот народ од ропството во Егпет преку Црвеното Море до ветената земја. На планината Синај, тој ги запипал Десетте божји заповеди.

Исус Христос (0-32 год.н.е) – Исус бил роден како Евреин, и станал пророк и духовен учител, што довело до формирање на нова религија – христијанството.

Мошех бен Маимон „Маиомнидес“ (1135-1204) – Влијателен шпански и еврејски филозоф.

Барух Спиноза (1632-1677) – Спиноза бил еврејско-холандски филозоф. Тој бил влијателен рационалист кој ги критикувал религиозните ставови, но тврдел дека постоело основно божествено единство на создавањето.

Бал Шем Тов (1698-1760) – Полско-еврејски мистик. Основач на хасдискиот јудаизам, човек што ја научил важноста на иманентното духовно искуство и отфрлил некои од законистичките аспекти на јудаизмот.

Бенџамин Дизраели (1804-1881) – Конзервативниот премиер на Велика Британија. Бил роден во сефардиско еврејско италијанско семејство.

Карл Маркс (1818-1883) – Германски филозоф, основач на марксизмот. Неговото потекло било евројско, но тој бил атеист и критичар на религијата.

Камил Писаро (1830-1903) – Данско-француски импресионист и пост-импресионистички сликар од еврејска лоза. Влијателна фигура за сликарите на неговата генерација.

Хари-Худини (1874-1926) – Американски магионичар е ескаполог. Потекнувал од Унгарија, а неговиот татко бил рабин.

Алберт Ајнштајн (1879-1955) – Германски Евреин кој станал американски државјанин. Ја револуционизирал модерната физика со неговата општа теорија на релативноста. Освоил Нобелова награда за физика за откритијата што ја формирале основата на Квантната теорија.

Леон Троцки (1879-1940) – Марксистички револуционер роден во Украина. Троцки бил клучна фигура во руската револуција.

Нилс Бор (1885-1962) – Дански физичар. Бор направил важни откритија за атомската структура и квантната физика. Бил добитник на Нобеловата награда за физика во 1922 година. Помогнал данските Евреи да избегаат во Шведска за време на Втората светска војна.

Сигмунд Фројд (1885-1939) – Австриско-чешки лекар, водечка фигура во новата наука за психоанализа. Фројд детално ги проучувал соништата и потсвеста на луѓето со цел подобро да ги разбере човечките емоции.

Давид Бен-Гурион (1886-1973) – Роден во Полска, Бен-Гурион ја предводел еврејската заедница во Палестина и бил инструментален дел во создавањето на израелската изјава за независност. Служел како прв премиер на Израел од 1948 до 1954 година.

Ирвинг Берлин (1888-1989) – Руско-американски композитор, еден од најпознатите текстописци во историјата.

Гручо Маркс (1890-1977) – Американски комичар и актер кој бил одличен во било кој медиум – од нем филм до радио презентер. Семејството на Маркс било од германско-еврејско потекло.

Голда Меир (1898-1978) – Еден од основачите и четвртиот премиер на Израел. Меир се сметал за еден од силните, бескомпромисни лидери на новата нација Израел.

Сајмон Вајсентал (1908-2005) – Австриец кој го преживеал Холокаустот. Го посветил својот живот на пронаоѓање нацистички воени злосторници.

Виктор Борж (1909-2000) – Еврејско-дански комичар, автор, пијанист и диригент.

Милтон Фридман (1912-2006) – Американски економист од Бруклин. Неговите родители биле еврејски имигранти од Унгарија. Се залагал за слободна пазарна економија. Бил добитник на Нобеловата награда за економија во 1976 година.

Пол Семјуелсон (1915-2009) – Американски економист, чии учебници помогнале да се објасни и популаризира кејнзијанската теорија и модерната макроекономија на пошироката публика.

Јехуди Менухин (1916-1999) – Американски виолинист и диригент. Неговите родители биле Евреи од Белорусија.

Ицхак Рабин (1922-1995) – Иразелски премиер. Бил избран во 1992 година на платформата за прифаќање на израелско-палестинскиот мировен процес. Бил добитник на Нобеловата награда за мир во 1994 година, а во 1995 година бил убиен од страна на тврдокорните Израелци кои се спротивставиле на мировниот процес.

Лорен Бакал (1924-2014) – Американска актерка, една од водечките актерки од 40-те и 50-те. Нејзините родители биле еврејски имигранти од Полска и Романија.

Питер Селерс (1925-1980) – Британски комичар и актер.

Ели Визел (1928) – Романец кој го преживеал Холокаустот. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1986 година за неговите дела за Холокаустот.

Ноам Чомски (1928) – Американски лингвист, филозоф и политички активист. Тој е еден од водечките интелектуалци на денешницата.

Ана Франк (1929-1945) – Холандска Еврејка. Позната по нејзиниот дневник објавен после нејзината смрт во кој детално го опишува нејзиниот живот додека се криела со семејството од Гестапо за време на окупацијата. Починала во концентрациониот логор Берген-Белсен, непосредно пред неговото ослободување.

Џорџ Сорос (1930-) – Унгарско-американски еврејски бизнис магнат, инвеститор и филантроп кој донирал повеќе од 8 милијарди долари во каузи поврзани со човековите права, јавното здравје и образованието.

Елизабет Тејлор (1932-2011) – Британско-американска актерка наградена со Оскар.

Вуди Ален (1935) – Американски актер, режисер и комичар.

Стивен Спилберг (1946) – Американски филмски продуцент. Неговото семејство биле православни Евреи од Охајо.

Пол Кругман (1953) – Американски економист, добитник на Нобеловата награда за неговата работа во „Теоријата за нова трговија“.

Џон Стјуарџон-Стујарт (1962) – Американски комичар и тв презентер.

Даниел Деј Луис (1957) – Англиско-ирски актер од еврејско потекло. Еден од најуспешните актери на неговата генерација.

Дастин Хофман (1937) – Американски актер со кариера во филмот, телевизијата и театарот. Хофман е од еврејско семејство иако не е религиозно.

Скарлет Јохансон (1964) – Американска актерка, модел и пејачка. Потекнува од Ашкенази еврејско семејство од Бронкс.

Најнови вести од Познати

To top