Сања Кужет е бремена по трет пат. Водителката е во четвртиот месец, па нема да ја заврши оваа сезона на „Ѕвезде Гранда“, туку ќе замине на породилно отсуство во кое ќе се посвети на чекањето на најубавиот настан.
Внимателно е избрана замената на Сања Кужет, а по секоја веројатност на сцената наместо Сања ќе се појави русокоса водителка.
– Кога таа му ја соопшти на Саша Поповиќ радосната вест, тој веднаш почна да размислува кој би можел да ја замени Сања. Бојана Лазиќ работеше со Саша на „Гранд“ и тој е презадоволен од неа, па сега се шпекулира дека со неа преговара за нов ангажман. Се’ уште се чува во строга тајност, но таа има најголеми шанси да ја замени Сања – изјави за „Стар“ извор близок до Поповиќ.
View this post on Instagram
Бојана еднаш откри дека била Мис Црна Гора кога гостувала во емисијата „Магазин ин“.
– Бев на изборот за мис, бев Мис Црна Гора, ја претставував Црна Гора на изборот за Мис на Србија и Црна Гора. Тоа беше многу одамна, пред 18 години.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Многу се грижам и се занимавам со мојата нега и убавина, но тогаш кога бев на изборот , не можам да кажам дека бев фрустрирана, но имав 17 години и самодовербата ми беше на минимум, иако Тогаш изгледав најдобро, а денес мислам дека сум десет пати подобара од тогаш… Ги прифатив сите мои маани, поправив се’ што можев да поправам и се чувствувам одлично, изјавува таа во една прилика за српските медиуми.
View this post on Instagram
View this post on Instagram