Колумбиската водителка Роси Лемос доживеа незгода за време на емисија во живо, а нејзината реакција стана хит на социјалните мрежи.
Имено, додека ги водеше вестите на RCN News, почна да се лизга од столчето, кое потоа падна. Сепак, водителка успеа да ја одржи рамнотежата и да остане смирена до крајот на програмата. Таа ја сподели ситуацијата на својот Инстаграм профил.
„Најдолгите секунди во мојот живот“, напиша таа во описот на видеото.
View this post on Instagram
Токму нејзината реакција го направи видеото хит на мрежите со повеќе од 24 милиони прегледи.
Интересно е што на главната снимка што беше објавена во етерот, речиси е невозможно да се забележи дека столчето паднало. Но, благодарение на снимките од зад сцената, можете да видите како водителка „седеше во воздух“.
„Таа ни покажа професионализам и став“, „Ова е мотивацијата што ми беше потребна за да продолжам да ги тренирам нозете“, „Честитки“, „Тука се покажува професионализмот, ќе паднев и ќе изгледав како будала“, „Не дозволувај Марвел да те види и да открие нова Чудесна Жена“, беа само дел од коментарите.