Џенифер Лопез во голем стил го прослави својот 55-ти роденден со екстравагантна забава на која не се штедеше.
Латино дивата во Хемптонс приреди раскошна забава во стилот на хит серијата на Нефликс „Бриџертон“, па сè беше декорирано со кочии, цвеќиња, елегантни империски фустани, тијари, високи ракавици, впечатливи фризури…
Меѓу гостите беа членовите на семејството на Џенифер, Леонардо ди Каприо, Сара Џесика Паркер. Сепак, Бен Афлек никаде го немаше.
Како што беше претходно се пишуваше, нивниот брак е во голема криза и не се видени заедно повеќе од 40 дена.
Лопез, чиј роденден е среда, 24 август, неодамна ја помина втората годишнина од бракот без нејзиниот сопруг, бидејќи тој престојуваше во Калифорнија додека таа беше во Хемптонс, на другата страна на САД.