Познати видео

Наследникот на Ферус го објави заедничкото оро снимено пред смртта на неговиот дедо и татко

Овој музички проект носи наслов „Спомен“, а Ферчо изминатите месеци го снимаше спотот во соседна Србија, а во кадрите се појавуваат и нивни заеднички фотографии направени од нивните телевизиски гостувања.

Наследникот на Ферус го објави заедничкото оро снимено пред смртта на неговиот дедо и татко

Пред два дена наследникот на кралот на саксафонот, Ферус Мустафов, неговиот внук Ферчо го објави заедничкото оро кое го снимил со неговиот дедо и татко му Илми Мустафов пред година дена, но за жал, судбината не дозволи и тие заедно да го снимаат видеоспотот…

Овој музички проект носи наслов „Спомен“, а Ферчо изминатите месеци го снимаше спотот во соседна Србија, а во кадрите се појавуваат и нивни заеднички фотографии направени од нивните телевизиски гостувања.

„Најскапоцено нешто што останува како највреден спомен со Вас мои Кралеви. Секој момент поминат заедно, сите неодговорени прашања и недокажани нешта ги има во оваа мелодија“ – стои во објавата на социјалните мрежи на младиот Ферчо.

Како што знаете, кралот на саксафонот не напушти на 22 мај по кратко боледување, а само три месеци по тоа, на 15 август почина и неговиот син Илми Мустафов, таткото на Ферчо.

Инаку нивниот наследник веќе некое време живее и работи во Србија, каде соработува со најпознатите тамошни музички ѕвезди, а полека, но сигурно тој станува еден од најбараните дувачи на овие простори…

Погледнете го спотот за нивниот заднички проект: „Спомен“:

Најнови вести од Познати

To top