Познати

Меган Маркл нема да ја исполни божиќната желба на малиот Арчи

Арчи бил воодушевен од Мисан кој го инспирирал да фотографира.

Меган Маркл нема да ја исполни божиќната желба на малиот Арчи

Војвотката од Сасекс откри дека нејзиниот син Арчи покажува голем интерес за фотографија. Тоа се случило откако го запознал познатиот фотограф Мисан Хариман, по што Меган му купила фотоапарат, но не и оној што го барал, пишува People.

На проекцијата на „The After“ на Нетфликс, Меган Маркл го модерирала разговорот со режисерот Дејвид Ојелово и фотографот Мисан Хариман. Разговорот се одржал минатиот месец во Монтесито, Калифорнија во домот на Меган и Хари и нивните две деца. Арчи бил воодушевен од Мисан кој го инспирирал да фотографира.

-Инспирацијата е длабока, а минатиот пат Мисан му покажа на нашето четиригодишно дете како се фотографира. После тоа му купив фотоапарат, но тој ми рече дека тоа не е камера Leica како што има Мисан, рече Маркл.

-Му реков дека нема да добие таков уред! Ниту за Божиќ. Но ти благодарам што го инспирираше – рече Меган.

Најнови вести од Познати

To top