Познати тажна вест

„КОЛКУ ТЕ САКАМ, КОЛКУ МНОГУ ТЕ СОНУВАМ“: Од срцев удар почина младата албанска музичка ѕвезда од Македонија Шпат Касапи (ВИДЕО)

Познатиот поп пејач од Македонија Шпат Касапи, почина денеска рано наутро по срцев удар.

Шпат Касапи беше едно од најпознатите и најомилените имиња на албанската музичка сцена. Роден е на 1 мај 1985 година во Тетово, во семејство со силна музичка традиција.

Неговата кариера започна на почетокот на 2000-тите, кога многу брзо стана идол на младите со својот модерен стил, лесни мелодии и енергични настапи.

Касапи ја изгради својата популарност преку косовскиот и албанскиот музички пазар, оставајќи зад себе бројни хитови како „Axhamiu“ „A më do?“, „Valle Kosovare“, „Dashni pa limit“, „Aroma e saj“ и многу други.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Касапи зад себе остави траг на музичката албанска сцена, а со неговата песна израснаа повеќе генерации. Неговите хитови ќе се се слушаат и во иднина и ќе останат како еден вид на серенади на музичката сцена.

Редакцијата на Курир изразува искрено сочуство до семејството и пријателите.

To top