Српската пејачка Јелена Карлеуша вчера ги изнесе своите две ќерки Атина и Ника во кафеана во Земун каде што организирала семеен ручек за нив.
На масата друштво им правеа остатокот од семејството и пријателите, а на масата им дојдоа и музичарите да ги почестат со песна.
Јелена посебно ја погоди песната од Тома Здравковиќ „Noćas sam tužan, ciganko moja“ кои музичарите совршено на увце и ја свиреа, па заслужија и бакшиш кој им го даде нејзината ќерка Ника.
-Дај им ги парите, се слушаше на видеото како Карлеуша и се обраќа на ќерката додека и ги подава парите.
Инаку претходно, Ника од трибините навиваше со својот татко Душко Тошиќ за Црвена Ѕвезда.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.