Познати

„ЌЕ ПЛАТАТ СИГУРНО“: Се огласи Неда Украден откако Шпанија ја украдоа нејзината песна која ја праќа на Евровизија – на сцената мажи во танга играат голи! (ВИДЕО)

„ЌЕ ПЛАТАТ СИГУРНО“: Се огласи Неда Украден откако Шпанија ја украдоа нејзината песна која ја праќа на Евровизија – на сцената мажи во танга играат голи! (ВИДЕО)

По српската пејачка Дара Бубамара, Шпанците на Евровизија ја плагираа Неда Украден и на нејзината „Бомба“ од 2020 година, која таа ја изведе на Беовизија, тврдат српските медиуми.

Овогодинешните претставници на Шпанија со песната „Zorra“ на групата „Небулоса“ предизвикаа многу коментари на интернет, пренесува српско „Мондо“.

„Извинете Шпанци, но ја имавме Неда Украден уште пред четири години! Победничката песна на Шпанија за Евровизија треба да биде дисквалификувана поради непочитување на правилата. Иста е како песната на Неда Украден“, е коментарот на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

За овие контроверзии се огласи и самата Неда Украден.

– Штотуку се вратив од Америка од турнејата и немав можност да слушнам ниту една песна на Евровизија. Ако е точно тоа што го кажувате дека шпанската песна личи на мојата „Бомба“, тоа, пред сè, е комплимент, а второ – сигурно ќе платат! Ќе ја слушнам, ќе се консултирам со авторот и потоа ќе одлучам што ќе направам. Благодарим за информацијата – изјави пејачката.

Како што беше претходно напишано, Дара Бубамара во 2022 година ја обвини претставничката на Шпанија на Евровизија дека ја ископирала нејзината песна „Екстравагантно“. Песната ја направија Стефан Ѓуриќ Раста и Слободан Вељковиќ Цоби во 2017 година.

To top