Пејачката Јелена Розга од секогаш успевала својот приватен живот да го чува далеку од очите на јавноста.
Се трудела да не зборува премногу дури и кога врските веќе почнувале да бидат јавни.
Познато е дека таа е долгогодишна пријателка со синот на Тончи Хулиќ, Иван Хулиќ.
View this post on Instagram
Медиумите со години пишуваат дека таа после секое прекинување на врските со партнерите утеха наоѓала покрај Иван, меѓутоа таа постојано говорела дека се само пријатели.
Сега овој пат тие двајца се фатени како пазарат заедно во маркет, а фотографијата можете да ја погледнете ТУКА.
-Како би рекла, „čuda da se dese pa Miljacka mostove odnese“, навикнав да ме поврзуваат со моите пријатели, но веќе не ме засегаат таквите текстови. Одамна одлучив мојот приватен живот да го одвојам од работата и да се држам до тоа. Мојата публика не ја интересира со кого сум во врска или со која личност го делам креветот. Тие сакаат да се забавуваат со мојата музика и песни и преку нив да ја почувствуваат емоцијата на среќа или тага, изјави своевремено пејачката.
View this post on Instagram
Инаку Тончи веќе има зет кој е познат пејач, со оглед на тоа дека неговата ќерка Хана е во брак со Петар Грашо.