Познатиот музичар Тончи Хуљиќ има познат зет, а можеби и идна снаа.
Имено, Петар Грашо се ожени со неговата ќерка Хана, додека неговиот син е во врска со пејачката Јелена Розга.
Поради овие љубовни приказни, семејството Хуљиќ е со посебен интерес кај јавноста, додека тие не сакаат многу да зборуваат за својот приватен живот. Сепак, Тончи Хуљиќ сега откри како изгледа кога сите се заедно.
Она што тој го нагласува е дека кога се собираат, никогаш не зборуваат за работа, ниту се советуваат еден со друг што и како треба да прават во својата кариера.
– Не зборуваме за музика, само Алба пее. Можеби се случило две или три ноќи, или ако некој има нова песна, вели: „Еве, го снимивме ова“ или ако сум во некаква дилема и кажам еве, видете, го снимивме ова, што мислите? Но, всушност не зборуваме за музика. Навистина имаме попаметни теми, така да се каже – изјави Тончи за хрватските медиуми.