Познати

ХРВАТСКА ИНФЛУЕНСЕРКА ВО ШОК: Ајкула ја каснала на Малдиви, повредата ја објави на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Таа и групата која пливала со ајкулите добиле инструкции како да се однесуваат во морето со нив и да не ги допираат и да не се обидуваат да ги галат, да прават ненадејни движења со рацете или да се туркаат меѓу нив.

ХРВАТСКА ИНФЛУЕНСЕРКА ВО ШОК: Ајкула ја каснала на Малдиви, повредата ја објави на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Хрватската инфлуенсерка Ела Јерковиќ неодамна беше касната од ајкула на Малдивите.

Како што изјавила Ела за медиумите, за време на патување низ островот пливала со ајкули, но една ја каснала.

-Пливањето со ајкули отсекогаш било моја желба. Тоа е безопасен вид за луѓето, ајкула „дадилка“ која вообичаено јаде риба, изјави Ела за порталот „Слободна Далмација“.

Таа и групата која пливала со ајкулите добиле инструкции како да се однесуваат во морето со нив и да не ги допираат и да не се обидуваат да ги галат, да прават ненадејни движења со рацете или да се туркаат меѓу нив.

-Ми беше редот да влезам во морето и да нурнам меѓу ајкулите додека водичот ме снимаше со подводна камера. Секако дека ги почитував сите правила и додека се уште бев на површината на морето водичот ми објасни во која насока да нуркам. Почувствував каснување од десната страна. За момент останав шокирана, но не почувствував никаква агресија од ајкулата, почувствував како случајно да ме каснала. Имајќи предвид дека водичот фрлаше риба во мојата непосредна близина, мислам дека ајкулата по грешка ме касна за рака, таа не продолжи да напаѓа, рече Ела.

@nera_nikolic Replying to @lenka🍓 ♬ Lepotica i zver – Dabi Man

Како што вели таа, иако овој вид не е опасен за луѓето, смета дека ајкулата можела да нанесе многу посериозни повреди доколку сакала, односно да било напад, а не „забуна“.

-Само касна, пушти и продолжи да плива. Со оглед на моето чувство дека нема потреба од паника, не ја ни испровоцирав, туку мирно излегов од морето на бродот за да не предизвикам паника кај останатите туристи кои беа во морето да почнев да врескам и да паничам, секој што беше во морето во тој момент веројатно ќе го прекрши главното правило, а тоа е да не се мавташ со рацете и нозете, вели хрватската инфлуенсерка.

Ела вели дека била свесна дека такво нешто може да се случи и дека навистина не е изненадена.

-Сепак, влегов на нивна територија и не сум изненадена од оваа ситуација. Се на се, тоа беше интересно искуство, се помина добро. Кога се качив на бродот, водичите ми ја измија раната со јод и алкохол. Тоа беше доволно, немав никаков воспалителен процес околу раната, па не побарав дополнителна медицинска помош, ми остана само кул лузна како сувенир на едно од најдобрите патувања на кои сум била, рече Ела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ela Jerković (@elaajerkovic)

To top