Парот Луна Џогани и Марко Миљковиќ открија дека по три години од отворањето на нивниот ЈуТјуб канал каде објавуваат видеа од своето секојдневние, заработиле неверојатни 179.564 евра.
Како што објави Марко тие имале над 100 милиони прегледи.
– А еве што заработивме за 100 милиони и 3 години ангажман на ЈуТјуб – не е лошо, ќе биде подобро. Ви благодариме најсилни наши – напиша Марко на својот Инстаграм профил и објави статистика.
За потсетување, парот во октомври ја доби втората ќерка Лана, а две годишната Миа стана голема сестра.